Карвахал ќе го пропушти првиот натпревар на неговиот Реал Мадрид против Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на Шампионите, откако УЕФА ја одби жалбата на Реал Мадрид.
Тој е казнет со два натпревари неиграќи поради намерно добивање на жолт картон на натпреварот против АПОЕЛ во претпоследното коло од групната фаза. Дисциплинската комисија на УЕФА покрена постапка против Карвахал и го казни со два натпревари неиграње.
Првиот натпревар од казната играчот на Реал го одработи против Борусија Дортмунд, а вториот следува на 14. февруари кога во Мадрид гостува ПСЖ.