Државјаните на Еквадор на вчерашниот референдум се изјаснија за ограничување на два претседателски мандати, покажуваат првичните резултати соопштени од Националниот избирачки совет.
Околу две третини од оние кои гласаа се изјасниле за уставна измена, со која ќе се ограничи бројот на претседателските мандати на два. Само за два мандати ќе можат да бидат избрани и други лица на државни функции.