Претседателот на Молдавија, Игор Додон смета дека активирањето на приврзаниците на идејата за обединување со Романија може да доведе до граѓанска војна во земјата.
– Сакам да стане јасно: обединување со Романија – тоа е граѓанска војна. Не се плашам да зборувам за тоа. Ние нема да дозволиме никому да ја ликвидира државноста на Молдавија и ќе ги искористиме сите правни средства, а ако вие делувате нелегално, тогаш ќе добиете соодветен одговор, предупреди молдавскиот претседател во интервју за молдавската телевизија НТВ.
Додон додава дека ситуацијата од 1918 година, кога молдавските пратеници биле принудени од романски војници да гласаат за обединување, нема да се повтори.