Околу 150 сириски организации испратија писмо до генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во кое оценуваат дека не требало да го легитимира мировниот самит за Сирија што се одржа во Сочи, под руско, турско и иранско покровителство.
Како претставник на Гутереш на самитот во Сочи учествуваше пратеникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.
Сириските групи сметаат дека самитот бил неуспешен, пред се поради отсуството на некои од клучните учесници во конфликтот во Сирија, како што се сириските Курди.