Во воените зони во светот речиси 500 милиони луѓе страдаат од глад, предупредуваат Обединети нации во најновиот извештај и апелираат за постигнување на мир со цел да се заштитат луѓето.
Според извештајот, во осум земи во светот секое четврто лице нема доволно храна.
Најтешка е ситуацијата во Јемен, каде 60 проценти од населението односно 17 милиони луѓе се соочуваат со акутен недостиг на храна, а потоа следи Јужен Судан, каде 45 отсто од луѓето немаат доволно храна.