САД го ставија водачот на палестинското исламско движење Хамас, Исмаил Ханија на црната листа на терористи и воведоа санкции за него. Според медиумите, ваквиот потег се очекува да ја зајакне напнатоста, откако Вашингтон го призна Ерусалим како израелска престолнина.
Ханија (55) кој е избран за водач на Хамас во мај минатата година, го претставува прагматичното крило на движењето.
„Ханија има добри контакти со военото крило на Хамас, заговара вооружена борба вклучувајќи и напади на цивили“, наведува американскиот Стејт департмент. Според извештаите, тој учествувал во терористичките напади на израелски граѓани.
Хамас е одговорен за убиство на 17 американски државјани во терористички напади, обвинува Стејт департментот.