Зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во текот на минатата година, во однос на периодот јануари – декември 2016 година, е зголемен за 2,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 5,2 отсто.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи опаѓање од 1.5%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6.0%, а во секторот. Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.7%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.1%, Капитални производи за 18.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на периодот јануари – декември 2016 година, изнесува 102.3.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата