Косово, како и дел од западна Македонија ќе се соединат кон Албанија и ќе се создаде Голема Албанија во 2035 година. Ова е дел од предвидувањето на руски експерти од руската Воена разузнавачка служба (ГРУ), врз основа на документи на ЦИА.
Серијата промени се предвидуваат во Британија, каде според руските експерти, Шкотска ќе прогласи самостојност, што ќе преставува иницијална каписла за обединување на Ирска.
Каталонија и Баскија ќе прогласат независност од Шпанија, што, според руските експерти, ќе има влијание врз Франција и ќе доведе до „распад на мултикултурализмот”.
На југот на Франција ќе настане исламска држава, додека областа Лорен ќе се приклучи на Германија.
Според предвдиувањето, ќе дојде и до распад на Белгија, а Фламанците ќе се присоединат на Холандија. Италија, пак, би се распаднала на богат север и сиромашен југ, а Сицилија и Сардинија ќе прогласат независност.
Се предвидува дека Полска ќе мора да се одрече од дел од својата територија поради серија нови договори меѓу Русија и Германија.
Белорусија, заедно со делови од балтичките земји и Украина ќе се присоединат кон Русија. На Кавказот, пак, се предвидува отцепување на Чеченија и Дагестан.