Утре ДПМ ќе ги соопшти добитниците на наградите за најуспешни книжевни дела во 2017 година

Од:

Друштвото на писателите на Македонија утре ќе ги соопшти добитниците на наградите за најуспешни книжевни дела во 2017 година. Пртседателите на жири комисиите ќе ги соопштат одлуките и образложенијата за книгите чии автори ги добија наградите: „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца, и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

На конкурсот на ДПМ пристигнаа 76 дела од сите жанрови. Одлуките за најуспешните остварувања ги донесоа жири комисии составени од 15 истакнати писатели, универзитески професори, научни работници, критичари и есеисти: Весна Мојсова Чепишевска, Венко Андоновски, Милован Стефановски, Ресул Шабани, Маја Јакимовска Тошиќ, Стојан Тарапуза, Лилјана Пандева, Иван Чаповски, Наташа Аврамовска, Кочо Топузоски, Делвина Керлуку, Василе Димески, Јусуф Едип, Олга Арбулјевска и Александар Кујунџиски.

Наградите ќе бидат врачени на 13 февруари, на свеченоста по повод одбележувањето на 71-та годишнина од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска