Фернандо Алонсо, двократниот Ф1 шампион ќе настапува на трката „24 часа Ле Ман“, каде што сака да се изедначи со Грем Хил, кој има титули во Ф1, трките во Индијанополис и „24 часа Ле Ман“.
Шпанскиот возач изјави дека сака да ја освои тројната круна во мотоспортот и дека благодарение на неговиот тим Мекларен има можност да се натпреварува и да победи на Ле Ман.
Трката „24 часа Ле Ман“ ќе се одржи на 16 и 17 јуни.