Со 28:27 Хрватска ја совлада селекцијата на Чешка во натпреварот за петто место на Европското првенство во ракомет.
Во првото полувреме, Хрватите направија одлична предност, предводени од фантастичниот Стевановиќ на голот, но опуштањето во финишот на мечот можеше да ги чини победа, откако Чесите се вратија на гол разлика на една минута пред крајот.
Најефикасен во редовите на Хрватска беше Златко Хорват со 10 погодоци, додека кај Чесите најдобар беше Ондреј Здрахала со неверојатни 13 голови, со што е најдобар стрелец на првенството со вкупно 55 погодоци.
Денеска се играат и двата полуфинални натпревари од Европското првенство помеѓу Франција и Шпанија, како и дуелот меѓу Данска и Шведска.