Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември лани се пониски за 0,2 процента на месечно ниво, а повисоки за 1,4 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во декември во споредба со ноември минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите „енергија“ за 0,4 проценти, „капитални производи“ за 0,2 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,1 процент.