Двојниот добитник на Пулицеровата награда, новинарот Пол Салопек, вчера тргна на незамисливо долга прошетка, патување од Етиопија до Аргентина, која според неговите пресметки ќе трае седум години.
Салопек вчераутро тргна од едно село во Етиопија, на 34.000 километри долгата прошетка во текот на која ќе мине 30 граници и ќе наиде на бројни етнички групи, пренесуваат американските медиуми.
Патувањето од Етиопија до Аргентина, за кое на човековите предци им биле потребни 50.000 години, го спонзорира „Најшенел географик“, Најт фондацијата и Пулицеровиот центар за кризни истражувања.
Салопек планира да напише по еден голем напис годишно.