ЕЛЕМ со буџет за електростатски филтри и изградбата на фотоволтаични електрани и ветерни електрани

Од:

На денешната 50-та редовна владина седница, владата ги разгледа и усвои годишните програми за работа и финансиските планови за 2018 година на повеќе јавни претпријатија, на акционерски друштва и агенции во државна сопственост, како и на други владини органи и тела, со сугестии за посоодветно издвојување на приоритетите и пофункционална распределба на одобрените буџетски средства.

Како дел од овие точки владата да ги разгледа Финансискиот план, Годишната инвестициска програма и Годишниот план за јавни набавки на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, за 2018 година.

Владата посебно го поздрави делот Годишната инвестициска програма на АД ЕЛЕМ, со кој се издвојува посебно поглавје за екологија во кое е вклучена финансиската ставка за реконструкција на електростатски филтри и за намалување на емисии на прашина во РЕК Битола, како и определбата за развој на капацитети за обновливи енергии, односно изградбата на фотоволтаични електрани и ветерни електрани, со предвидени финансиски средства за нивна изградба.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада