Голема лавина целосно отсече познато скијалиште во Австрија

Од:

Падот на голема снежна лавина го отсече скијачкото одморалиште во градот Ишгл, кај Тиролските Алпи, во кое моментно се сместени околу 10.000 луѓе, објавија медиумите.

Австриските власти прогласија петто од шесте можни нивоа за опасност од лавина, што во Австрија последен пат се случило во 1999-та година.

Дежурните служби интензивно работат на чистење на патиштата кон Ишгл, каде што утрово паднале нови 50 сантиметри снег.

Од раководството на скојачкиот центар истакнале дека туристите се во добро расположение и дека нема причина за загриженост.

„Ние сме добро опремени, а вакви работи често се случуваат тука, така што никој не е во голема паника. Очекуваме ситуацијата да се подобри од вторник натаму“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник