Европската ракометна федерација на нивниот Твитер профил објави дека Европското ракометно првенство за Кире Лазаров е завршено.
Македонскиот капитен заработи повреда на синоќешниот дуел против Шпанија во 11 минута од натпреварот.
It was not a great night for injuries in Varazdin. Both ??@LazarovKiril7 and ??@PaulDrux are out for the rest of the #ehfeuro2018. We hope to see them both back on court soon! @DHB_Teams pic.twitter.com/xU8NRpNSOS
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2018
По завршувањето на натпреварот, македонскиот селектор Раул Гонзалез изјави дека најверојатно Лазаров нема да игра до крајот на првенството, а потврда за тоа стигна од ЕХФ.
Во текот на денешниот ден треба да му бидат извршени детални прегледи на Лазаров по што оваа информација ќе стане и официјална.