Македонските ракометари вечерва беа убедливо поразени од Шпанија со 31:20 во нивниот прв натпревар во главната фаза од Европското првенство во ракомет кое што се игра во Хрватска.
Шпанците од самиот старт тргнаа напаѓачки и направија предност која што ја надградуваа и одржуваа во целиот натпревар.
Во првото полувреме повреда заработи и капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, кој потоа го пропушти остатокот од мечот.
Светла точка во македонскиот тим вечерва беа само голманите. Борко Ристоски забележа 7 одбрани, додека Никола Митревски имаше 14 одбрани во натрпеварот.
Со овој пораз Македонија паѓа на четвртата позиција во групата со пренесените 3 поени од првата фаза.
Данска се наоѓа на првата позиција со 6 поени, пред Германија и Шпанија со по 4, по што следуваат Македонија со 3, Чешка со 2 и Словенија со 1 поен.
Следниот натпревар Македонија го игра во вторник, против селекцијата на Чешка, а веќе следниот ден и последниот натпревар од втората фаза против Данска.