Селекцијата на Данска со 26:25 ги совладаа ракометарите на Германија во второто коло од главната фаза на Европското ракометно првенство кое што се игра во Хрватска.
Првото полувреме од натпреварот помина во тврда игра, со по неколку одбрани на голманите и резултат од 9:8 во корист за Германија.
Во вториот дел ракометарите беа попрецизни, а Данците успеаа да се издвојат и да стигнат до победата.
Најефикасен во тимот на победникот беше Ханс Линдберг со 9 постигнати погодоци, додека кај Германците најпрецизен беше Јулиус Кун со 6 голови.
Со новите два поени Данска изби на првата позиција во 2. група со 6 поени, пред Германија со 4 и Македонија со 3.
Македонија, сепак, има два натпревари помалку, а првиот од нив го игра вечерва против селекцијата на Шпанија.