Македонските ракометари денеска против Шпанија ја започнуваат главната фаза од Европското првенство кое што се игра во Хрватска.
Избраниците на Раул Гонзалез вчера прв пат тренираа во ареаната во Вараждин, откако претходно тренинзите се одржуваа во другите сали.
На располагање на тренингот беа сите играчи.
Кај играчите владее чувство на самодоверба пред вечерашниот наптревар со Шпанија, а Жарко Пешевски изјави дека иако Шпанија е силна и опасна репрезентација, сепак нашите ракометари се подготвени за нив.
– Во Вараждин ќе имаме поддршка од повеќе од 3 илјади фанови, што ќе биде поддршка за нас и притисок за противникот. Ние уживаме во атмосферата и подготвени сме да дадеме се. Изненадување е што бевме први во првата фаза, па поради тоа пораснаа и очекувањата. Пред нас имаме тешки натпревари со Шпанија и Данска, но со карактер и борбеност, мислам дека имаме шанса, изјави селекторот Гонзалез.
Во моментов Македонија со три поени се наоѓа на третата позиција во групата, позади Данска и Германија кои имаат по 4, но и натпревар повеќе.
Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра вечерва од 20 часот и 30 минути.