Ракометарите на Хрватска, потешко од очекуваното, ја совладаа селекцијата на Белорусија во првото коло од втората фаза на Европското првенство во ракомет, што се игра во нивната држава.
Тие стигнаа до победа од 25:23 во загребската Арена, со што најавија дека ќе продолжат во нивната борба за пласман во полуфиналето, иако им престои тежок пат до таму.
Претходно, селекцијата на Норвешка славеше против Србија со 32:27. Со тој пораз Србија останува без поени во втората фаза, додека Норвешка се изедначи со Хрватска со 4 поени.
По 4 поени во оваа група имаат и селекциите на Шведска и Франција, но и натпревар помалку.