Вујовиќ: Раул е одличен стратег, Македонија ќе има најмалку две победи

Од:

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ изјави дека Македонија има шанси за освојување на медал и дека Раул одлично го води тимот.

Поранешниот селектор на Македонија оценува дека Германија ќе има тешка задача во втората фаза, откако во претходната група не успеа да победи ни против Македонија, ни против Словенија.

За македонската селекција изјави дека првата цел е завршена, а добрата атмосфера во тимот придонесува за успехот.

– Македонците настапуваат растоварени и имаат добар тренер. Во втората фаза ќе имаат најмалку две победи што е доволно за пласман во полуфинале и историски успех. Дај Боже да освојат медал, изјави Вујовиќ.

Тој го пофали и македонскиот селектор, за кого кажа дека одличен стратег, што го покажал на досегашните натпревари.

– Најважно е што новинарите, македонската јавноста и играчите му веруваат. Тоа мене ми се случува во Словенија, што и да напаравам, сите ќе се согласат, рече Вујовиќ.

Би можело да ве интересира

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска

Врањеш: Македонците се силен противник, очекувам тежок натпревар

Ана Ололовска

Седмо Европско првенство и 14. учество на големите натпреварувања за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска