Русија не планира да се придружи на Договорот за забрана на нуклеарното оружје, најави денес рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на неширење на оружјето за масовно уништување.
Тој повика да се земат во предвид и вистинските ризици од хемискиот тероризам, кој се шири надвор од границите на Блискиот исток.
Лавров обвини дека се затвораат очи на тоа што терористите во Сирија и Ирак користат и произведуваат хемиско оружје, додека истовремено за тоа ја обвинуваат сириската влада без никакви докази.