Прометот во индустријата во периодот јануари – ноември 2017 година во споредба со јануари-ноември 2016 година е зголемен за 6,3 отсто, додека во ноември 2017 година во однос на ноември 2016 година бележи раст од 2,6 проценти.
Според Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2017 во однос на ноември 2016 бележи опаѓање од 7,2 отсто, а прометот на странски пазари пораснал за 4,9 проценти.