Париз веќе нема да биде „Град на светлината“

Од:

Можно е Париз да ја изгуби титулата „Град на светлината“ бидејќи властите планираат од годинава да почнат да го гаснат уличното осветлување во текот на ноќта, за да заштедат пари.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерката за енергетика Делфина Бато ја разгледуваат солуцијата за гаснење на светлата пред јавните згради, деловните простори и продавници во раните утрински часови.

Сите оние кои од различни причини ќе мораат во „ситните часови“ да излегуваат надвор ќе им се советува да си понесат батериска лампа.

Ова правило, исто така, ќе се применува и во другите француски градови и села.

Бато наведува дека оваа мерка ќе заштеди пари и енергија и ќе ја покаже „трезвеноста“ на власта во „овие тешки времиња“.

Новото правило ќе почне да се применува од јули и тогаш меѓу еден и шест часот наутро ќе се гасат сите неонски светла на приватните фирми.

Меѓутоа, сопствениците на фирмите наведуваат дека мерката ќе ги избрка туристите од Париз.

-Посетитетлите и локалното население се ориентирани кон светлечките реклами. Моите клиенти не сакаат да бидат во темнина во „Градот на светлината“, вели Дидие Квемене, француски готвач.

Франција во 2011 година ја посетиле 81 милион туристи, додека туристичката индустрија вработува околу 900.000 лица.

Планот веќе се применува врз повеќе од 300 цркви во Париз, мостови и споменици, вклучувајќи ја и Ајфеловата кула.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ