Македонија како првопласирана ќе ја започне главната фаза од Европското првенство во ракомет, а од добриот настап во првиот дел од првенството задовоелн е и капитенот Кире Лазаров.
Тој изјави дека е среќен што репрезентацијата доби и нови играчи, а најави дека во Вараждин репрезентацијата стои со двете нозе на подот.
– Многу промашивме во првото полувреме со Германија, требаше да водиме, рече Кире.
Во врска со завршницата и неуспешниот шут за победа на Стојанче Стоилов, Кире изјави дека не му е жал,
– Не жалам за последниот напад, за Столе сум подготвен да направам се во животот. Тој е човек со најголемо срце во репрезентацијата и на него му е се дозволено. На секој може да му се случи тоа, сите го поддржуваме. Тој е наш најголем борец и ќе биде најдобар играч во Вараждин, изјави Лазаров.