Стоилов: Имав шанса да го решам натпреварот, но шутнав лошо

Од:

„Имав шанса да го решам натпреварот, избрзав, шутнав лошо. Имав среќа, соиграчите ме ‘покрија’. Тој бод сега не е толку сладок каков што можеше да биде. Да имавме четири бода. Но, тоа е тоа. Денеска не погодив, но утре можеби ќе биде поинаку. Тоа е ракомет, тоа е спорт. Ќе бев навистина трагичар, но ете, соиграчите колку-толку ме покрија”, вели Стојанче Стоилов кој не го реализираше зицерот кој го имаше во последниот напад од дуелот со Германците, кога резултатот беше изедначен 25:25.

Во однос на втората фаза која продолжува во Вараждин, Стоилов вели дека треба добро да се подготват. „Не краси борбена игра. Се надевам дека ќе го пренесеме тоа и во Вараждин. Да се подготвиме добро, да одмориме. Сме играле многу пати со Чесите, Ги знаеме, и тие не знаат нас. Се надевам дека и таму ќе играме со наши навивачи, и се надеваме да оствариме успех”, вели Стоилов.

Би можело да ве интересира

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска

Врањеш: Македонците се силен противник, очекувам тежок натпревар

Ана Ололовска

Седмо Европско првенство и 14. учество на големите натпреварувања за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска