Германскиот селектор Кристијан Прокоп одлучи да ја засили одбраната на својата селекција за решавачкиот дуел против Македонија на Европското првенство во ракомет. На местото на Бастијан Рошек, повикан е Фин Лемке – кој со своите 2.10 метри кој треба да ја зајакне одбраната на актуелниот европски првак.
„Македонија многу игра преку пикерите, кои се доста робустни. Сакав на мојот тим и на мојата одбрана да им дадам поголема корпулентност“, вели германскиот селектор, Кристијан Прокоп. На тој начин, според него, и голманите ќе имаат поголема сигурност, повеќе раце во блокот. Прокоп оценува дека Македонија игра слично на Словенија, со „големо срце“. „Тоа е ракомет со многу страст, посветеност и борбеност“, вели тој.
На Македонија и е доволен и нерешен резултат за да се избори за прво место во групата Ц, по победите над Словенија и Црна Гора.