Најголемата партија на сириските Курди, Партијата на демократската унија (ПУД), денеска ги повика светските сили да интервенираат за запирање на турските артилериски напади врз реонот на Африн во северна Сирија.
– Африн нема да биде сам, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека „сите северни и источни делови на Сирија“ ќе застанат зад Африн, кој е под контрола на припадниците на вооруженото крило на ПУД, Силите за заштита на народот.