Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер го погоди денеска Перу, информираше Геолошкиот институт од САД.
Земјотресот се случил во близина на брегот на јужноамериканската држава, односно околу 124 километри југозападно од градот Пукујо.
Според Националната метеоролошка служба поради овој земјотрес, можно е цунами.