За време на протест поради одлуката на САД да го признае Ерусалим за главен град на Израел, дошло со судири на илјадници Палестинци со израелски војници, соопшти „Ројтерс“.
Протестите се одржувале на Западниот Брег, а демонстрантите се приближиле до деловите обезбедувани од израелски војници и почнале да фрлаат камења кон војниците, кои за возврат употребиле солзавец.
Властите на Палестина соопштија дека се повредени 14 лица.