АД Електрани на Македонија за сума од 2,5 милиони денари или приближно 40 илјади евра без ДДВ ќе потроши за привремени врабoтувања. На системот за „Е-набавки“ објавен е оглас кој се однесува на ангажирање агенција за привремени вработувања за потребите на РЕК Битола. Периодот на набавката е 12 месеци, а критериум за доделување на тендерот е најниската цена.
Станува збор за ангажирање на максиумум 134 работници, а вредноста на огласот не смее да надминува 40 илјади евра. На сумата ќе биде пресметан и данок на додадена вредност од 18%. На работниците ќе им се исплаќа бруто плата определена од работодавачот во согласност со Законот за агенции за привремени вработувања.