Пукано врз автомобилот на италијанскиот конзул во Бенгази, нема повредени

Од:

Италијанскиот конзул во либискиот град Бенгази, Гвидо де Санктис, остана неповреден кога непознати лица денеска пукаа врз неговиот автомобил, соопшти италијанското Министерство за надворешни работи.

-Тој е неповреден, рече претставник на министерството.

Неименуван безбедносен извор од Либија за британските медиуми изјави дека италијанскиот конзул се наоѓал во оклопно возило и дека нема повредени во нападот.

На безбедноста на западните државјани во вториот по големина либиски град се посветува се поголемо внимание откако на 11 септември минатата година во напад врз американскиот конзулат беше убиен амбасадорот и уште тројца американски државјани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски