Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно усвои наметнување нови санкции за Северна Кореја во врска со нуклеарните и ракетни тестирања на изолираната комунистичка држава.
Испораките на нафтени производи, како бензин, дизел и некои видови мазут, за режимот во Пјонгјанг се дополнително ограничени.
Резолуцијата исто така вклучува забрана за извоз на храна и земјоделски производи, машини, електрична опрема, дрво и бродови, а исто така и продажба на машини, железо и други метали.