Десниот бек на Барселона и словенската репрезентација, Јуре Доленец ќе го пропушти Европското ракометно првенство во Хрватска поради повреда, соопшти лекарскиот тим на каталонскиот клуб.
Тој имаше повреда на менискус, за што беше опериран во ноември минатата година. По направените прегледи во Барселона тој доби забрана за настап, бидејќи напорите на ЕП се големи и се игра секој втор ден.
Доленец во Барселона премина оваа сезона, на местото на македонскиот репрезентативец Кире Лазаров.