Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи соопшти дека ќе ја напушти функцијата наредната година на крајот од неговиот втор мандат. Карзаи, кој ја водеше авганистанската влада поддржана од САД повеќе од една деценија, ја соопшти одлуката по средбата со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон.
Според Карзаи, едно од најголемите достигнувања ќе биде одржувањето на слободни избори на кои граѓаните ќе можат да го изберат наредниот претседател на Авганистан.