Американските медиуми објавија дека САД замрзнаа 125 милиони долари кои беа наменети за Агенцијата на ОН за помош на палестински борци.
Тие наведоа дека финансиските средства што се третина од годишните давачки на САД за таа агенција на ОН, требало да бидат испорачани на 1 јануари, но се замрзнати додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не заврши ревизија за помошта на САД за палестинските власти.
Трамп неодамна изјави дека Вашингтон им дава на Палестинците стотици милиони долари годишно и дека за тоа не добива ниту благодарност ниту почитување.
– Тие дури и не сакаат да преговараат за долгорочен мировен договор со Израел, напиша Трамп, заканувајќи се со укинување на помошта.