Претседателот на Еквадор, Ленин Морено потврди дека потпретседателот Хорхе Глас е разрешен, бидејќи издржува казна за поткуп, што го добил од бразилската градежна компанија „Одебрехт“.
– Како што предвидува Уставот, потпретседателот на земјата Хорхе Глас е отстранет од функцијата, нагласи Морено, посочувајќи дека согласно законите на Еквадор, има 15 денови во Парламентот да поднесе список на кандидати за таа функција.