Германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел побара во источна Украина да бидат распоредени мировници на ОН, кои ќе бидат стационирани во сите делови каде има судири, а не само долж „линијата на разграничување“ со мисија за заштита на набљудувачите на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).
– Неопходно е да се овозможи распоредување на силна и вооружена мисија на ОН на целата територија, а не само за заштита на малата мисија на ОБСЕ долж линијата на фронтот, нагласи Габриел во Киев.