Новиот австриски канцелар Себастијан Курц прво ќе отпатува во посета кај францускиот претседател Емануел Макрон, а потаа во Германија на средба со канцеларката Ангела Меркел.
Првото патување на Курц во странство во новата година ќе биде на 12 јануари во Париз.
Посетата на Париз треба да биде и позитивен сигнал во насока на понатамошниот развој на ЕУ, соопшти кабинетот на австрискиот канцелар.
Кон средината на јануари Курц планира да отпатува и во Берлин, на повик на канцеларката Меркел, која го покани веднаш откако новата австриска Влада положи заклетва.