Советот за безбедност на ОН од денеска има шест нови непостојани членки – пет со двегодишен и една со едногодишен мандат.
Брегот на Слонова Коска, Екваторијална Гвинеја, Кувајт, Полска и Перу, кои се избрани по регионален принцип, ќе бидат членки на СБ на ОН до крајот на 2019 година.
Холандија ќе има мандат до крајот на 2018 година откако лани се договорија со Италија за поделба на двегодишниот мандат што им припаѓа на западни држави.
Освен Италија во СБ на ОН, од денеска ќе бидат заменети Египет, Сенегал, Јапонија, Уругвај и Украина.