Американски научници развија нано-честички кои светат кога ќе дојдат во контакт со канцерогено ткиво

Од:

Научници од американскиот универзитет Орегон развија минијатурни нано-честички кои може на лекарите да им укажат кои делови од органите се заболени од рак и на тој начин да го олеснат нивното отстранување.

Нано-честичките се изработени на начин кој овозможува да реагираат кога ќе дојдат во контакт со клетки на рак и да почнат да сјаат. Тие можат да бидат внесени во телото интравенозно и потоа се шират низ органите, реагирајќи секаде каде што ќе наидат на канцерогени ткива.

Лекарите, притоа, можат да извршат прецизна операција и да употребат радијација за да ги уништат преостанатите канцерогени клетки.

Самите нано-честички се биоразградливи и не се штетни за пациентот. Технологијата досега била тестирана на лабораториски глувци, а научниците веќе планираат експерименти со кучиња кои се заболени од рак.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска