Ѓоковиќ не игра во Абу Даби поради болка во раката

Од:

Поранешниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ и покрај најавите нема да игра на турнирот во Абу Даби, поради болка во лактот, повреда која го оддалечи пола година од натпреварувањата.

Ѓоковиќ денес требаше да игра против Роберт Баутиста-Агут денес, но тој се повлече од турнирот по консултации со медицинскиот тим.

– Многу сум разочаран, бидејќи сум принуден да се повлечам од турнирот во Абу Даби. За жал, во последните неколку дена се врати болката во лактот. Лекарите ме советуваа да не ризикувам. Веднаш ќе продолжам со терапијата, рече српскиот тенисер.

Тој додаде дека бил многу тажен поради таквата одлука, бидејќи со нетрпение чекал да се врати на теренот.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ