САД ќе го намалат својот придонес кон буџетот на Обединетите нации за 285 милиони долари во фискалната година 2018-2019, најави денеска американската абасадорка во ОН, Ники Хејли.
– Неефикасноста и претераното трошење на ОН е добро познато. Ние нема повеќе да дозволуваме да се злоупотребува широкоградоста на американскиот народ и трошењето да биде неконтролирано, изјави Хејли.
Вкупниот буџет на ОН минатата година изнесуваше 5,4 милијарди долари, а помеѓу една петтина и една четвртина од тоа беше покриен од САД.
Најавата за намалување на придонесот на САД доаѓа откако 128 членки на ОН гласаа против одлуката на САД да го признае Ерусалим за главен град на Израел.