Еуген Бушпепа со песната „Копнеж“ (Mall) ќе ја претставува Албанија на Евровизија 2018. Рокерот победи на фестивалот во организација на албанската државна телевизија „Фест 56“ што синоќа се одржа во Конгресната палата во Тирана.
Автор на песната е Бушпепа, еден од најпознатите рокери во Албанија во последната деценија.
– И благодарам на Албанската државна телевизија и на жирито. Ќе дадам максимум достојно да ја претставам Албанија на Евросонг, што ќе се одржи на 18 мај 2018 година во Лисабон, Португалија. Се надевам дека со песната за кусо ќе го ублажите копнежот што го имате кон некого, изјави по победата Бушпепа.