Љубовта на прв поглед е само наплив на страсти

Од:

Љубовта на прв поглед е лажна, сметаат психолози од холандскиот Универзитет во Гронинген.

Тие спровеле експеримент со 392 лица, студенти од Германија и Холандија, кои требало да кажат дали некој со некого се познава и дали некогаш искусиле љубов на прв поглед. После тоа следело разгледување фотографии од лица кои никогаш не ги сретнале.

Научниците побарале од испитаниците да ги опишат моменталните чувства и да ги оценат според „длабочината“, по што следеле брзи средби меѓу оние кои ги гледале сликите и тие на сликата.

Во наредната фаза, оние првите биле прашани да објаснат дали запознавањето нешто променило во однос на таа личност. Бројките говорат дека кај 32 испитаници во 49 случаи се појавило чувството на „љубов на прв поглед”, но по брзите средби, таа не се покажала взаемна.

Така, заклучокот на психолозите е дека – љубовта на прв поглед нема ништо со вистинската љубов. А, она што луѓето го опишуваат како такво, е всушност само „наплив на страсти“.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска