Македонија застана со земјите против одлуката на Трамп за Ерусалим, кои земји го поддржаа Трамп?

Од:

Генералното собрание на Обединетите нации на денешната вонредна седница со 128 гласа „За“ и 9 „Против“ го прогласи признавањето на Ерусалим за главен град на Израел како неважечко, додека 35 земји беа воздржани.

Одлуката на Доналд Трамп за Ерусалим беше поддржана од САД, Израел, Гватемала, Хондурас, Маршалските острови, Микронезија, Науру, Палау и Того. Воздржани останаа земји како Канада, Мексико, Филипини, Полска, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина.

Против одлуката на Трамп, односно „За“ резолуцијата гласаа четирите постојани членки на Советот за безбедност, Кина Франција, Русија и Велика Британија.

И Македонија беше во земјите кои што гласаа „За“ резолуцијата, како и Србија, Словенија, Црна Гора, Албанија, Грција…

На гласањето не присуствуваа 21 од вкупно 193те земји-членки на ОН, а помеѓу нив беа Кенија, Грузија и Украина, за кои агенцијата АП наведува дека се во блиски врски со САД.

Трамп претходно се закани дека ќе ја укине финансиската помош на земјите кои што ќе гласаат за резолуцијата, а интересно е што најголемите примачи на таква помош, помеѓу кои се Египет, Авганистан и Иран, ја поддржаа резолуцијата, игнорирајќи ги заканувањата.

Претходно, амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли, се закани дека САД ќе го запомне денот кога биле нападните во Генералното собрание на ОН, бидејќи го оствариле своето право како суверена земја, нагласувајќи дека гласањето нема да влијае врз нивната одлука.

Би можело да ве интересира

Трамп: Среќен Денот на благодарноста и на радикалните левичарски лудаци кои ја уништуваа земјата

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски