Палестина: Усвојувањето на резолуцијата е победа за нас

Од:

Денешното гласање на Генералното собрание на ОН со кое се повикува САД да ја повлечат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел беше поздравена од портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Гласањето е победа за Палестина, изјави претседателскиот портпарол Набил Абу Рудејна.

– Ќе продолжиме со напорите во ОН и на сите меѓународни форуми за ставање крај на оваа окупација и создавање на наша палестинска држава со престолнина Источен Ерусалим, додаде тој.

Со 128 гласа „За“ и 9 „Против“ и 35 „Воздржани“, Генералното собрание на Обединетите Нации на вонредната седница го прогласи признавањето на Ерусалим како главен град на Израел од страна на САД, како неважечко.

Македонија е една од 128-те земји кои гласаа „За“.

Би можело да ве интересира

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

ПЛО: Израел сака да ги истреби Палестинците во северниот дел на Појасот Газа

Горан Наумовски

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Десет лица загинаа во Газа додека чекаа ред за храна