Денеска во Њујорк започна вонредната седница на Генералното собрание на ОН. На седницата ќе се гласа за предлог-резолуцијата за повлекување на одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп со која што го призна Ерусалим како главен град на Израел.
Таа се одржува по барање на некои арапски земји и држави со главно муслиманско население.
Во понеделникот САД ставија вето на таквата резолуција во Советот за безбедност на ОН, а денешното гласање нема да има има обврзувачка, туку само политичка тежина.
Трамп вчера се закани дека ќе ја укине финансиската помош за земјите кои ќе гласааат за оваа резолуција.