Претставници на фракциите на сириските Курди најавија дека планираат учество во руските мировни разговори за Сирија кои што ќе се одржат во Сочи.
– Ако поканата биде обновена, ќе одиме во Сочи, како и на секоја друга средба, која ја засега сириската криза, во својство на претставници на народната волја, изјави Сианук Депо, претставник на главната курдска партија во Сирија, Демократскиот сојуз на Курдистан.
– Се уште сме поканети. Ако договорената рамка за конгресот издржи, ќе присуствуваме, изјави Бадран Џија Курд, висок курдски функционер.
Тоа би било прво учество на главните курдски францкии во Сирија во мировни преговори. Тие во моментов контролираат најмалку една четвртина од територијата на Сирија, а досега беа надвор од меѓународните преговори на барање на Турција.