Во Хаг денеска ќе се одржи церемонија за затворање на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, познат и како Хашки трибунал, кој официјално ќе престабе да постои по десет дена.
На церемонијата ќе присуствуваат официјални претставници од неколку поранешни југословенски републики, чии државјани во текот на изминатите 24 години се процесуирани во Судот.
Судот беше основан на 25 мај 1993 година од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации со цел да ги гони сторителите на воени злосторства на територијата на поранешна Југославија.